Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту далеку од тебе. Таа не е на небото за да може да се каже: "кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?"; ниту е преку море, за да може да се кажи: "кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?" Но оваа заповед е многу блиска до тебе, таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.Во своето послание кон Римјаните (10,5-10), апостолот го зема претходно посочениот дел од Повторените Закони, и го претолкува:
Мојсеј пишува за оправданието од Законот: “Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив”. А оправданието на верата вели: “Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?”, односно да Го симне Христа, - или, “Кој ќе слезе во бездната?”, односно да Го изведе Христа од мртвите! Но што вели Писмото: “Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме, оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.Светиот апостол Павле го разгледува делот од Петтата книга Мојсеева во кој се зборува за Законот (а од тука и за правилата и ритуалите), и на сето тоа дава ново значење преку неговото припишување на Христос. За него, единствената причина поради која Словото Божјо може да биде близу, - и може да градиме однос кон Него, е затоа што Словото Божјо се однесува на Христос. Понатаму, тој продолжува дека дека не е Законот она што е важно, туку попрво тоа што е важно е односот со Бога во основните нешта. Законот е осмислен само за да овозможи, понуди и заштити жив однос со живиот Бог. Наспроти тоа, Израилците го замениле овој однос со Бога со однос со Законот, заборавајќи или неразбирајќи која е целта на Законот (на Тората). Затоа Бог Ги испраќа Својот Син, Словото, Логосот, во светот со цел повторно да го воспостави правилниот однос повеќу Создателот и создаденото.
Во Сретението Господово во Храмот (Лука 2), се открива вистинското значење на Законот и Храмот, односно нивната онтологија: тие требало да ги одржат луѓето во нивната врска со Бога, и да им го откријат чувството на Божјата сеприсутност во нив. Ни Законот, и ниту Храмот не се замислени да постанат идоли сами по себе, туку и двете биле замислени како средства за одржување на личносниот однос со Живиот Бог. Кога бебето Иисус е донесено во Храмот за прв пат, Симеон Праведниот (Боговидец) веднаш признава дека Божјата промисла и цел за Храмот е исполнета.
