го праша старецот што да прави во животот, односно кој пат да го избере и што од него сака Бог. Старецот му одговори: „Чедо мое, Бог го сака она што го сакаш и ти. Бог никого не го присилува да го следи овој или оној пат. Бог е духовен Началник и Тој ја почитува човечката слобода. Тој не е војсководител за сите да ги построи во еден строј. Еве што сака Бог: чесно да го исполниш она што си го избрал. Ако одбереш да бидеш монах, тогаш биди добар монах. Ако го избереш фамилијарниот живот, тогаш биди добар татко на семејството.“